За нас  
 
Нашата Компанија И-ИМПУЛС ДОО со седиште во ТЦ Беверли Хилс од Скопје успешно и квалитетно работи веќе 13 години на македонскиот пазар како независна компанија со приватен капитал во областа на градежништвото и инженерингот. Од своите почетоци постојано ја надградува и усовршува својата делатност оставајќи позади себе една голема референца на изведени работи, објекти и проекти со што ги докажува својата долгорочност, стабилност, квалитет и достојност кон она што го работи. Со својата екипираност и стручен кадар успева да ги задоволи сите барања, критериуми и потреби како за своите така и за секој нарачател во доменот во кој можеме да го дадеме професионално својот максимум. Нашата Компанија е професинализарана во повеќе области од градежништвото вклучувајќи ги нискоградбата (патишта, паркинзи, разни инфраструктури и сл.), високоградбата (монтажни објекти од метална конструкција, тврда градба - станбени и деловни објекти) како и комплетно ентериерско уредување како на станбени така и на деловни објекти за повеќе намени. Позади нас стои успешен и стручен тим кој брзо и квалитетно може да одговори на секое Ваше барање. И-ИМПУЛС професионално ја издигнува својата активност каде идните купувачи и соработници ќе најдат квалитет, трајност и гаранција, и се она што се бара и е неопходно по сите светски норми и стандарди за сите видови објекти.